| четврток, 6 декември 2018 |

Жена се замива на чешмичка во центарот на Куманово (ВИДЕО)

Околу пладне жена си го изми задникот на градската чешма кај хотелот „Кристал“, пред очите на голем број на случајни минувачи.

Луѓето кои се нашле во моментот во близина не можеле да веруваат што гледаат со свои очи. Жената облечена во јакна и качулка на главата дошла до фонтанат ги соблекла пантолоните и почнала да се мие. Некои од случајните минувачи и приговориле, но таа не обрнувала внимание, по што кога завршила си заминала.

 „Стоев до автомобилот и во еден момент кога се свртев гледам гол газ до фонатанатa. И викнав на жената, но таа се направи дека не ме слуша. Додека да го земам телефонот од колата таа убаво се изми “, – раскажува очевидец кој ја снимал случката и го прати видеото на Kumanovonews.mk.

На снимаката се гледа како жената до фонтаната го мие задникот, а потоа рацете ги трие над чешмата. И приоѓаат двајца мажи кои нешто и зборуваат или се расправаат. Откако се изми жената си замина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top