Реал Мадрид со 1-2 победи на гостувањето кај Баерн Минхен и направи голем чекор кон финалето од Лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион со голем резултат се враќа од Минхен, Баварците не ја искористија предноста на домашен терен, загубија пред своите навивачи, па во Мадрид ќе се обидат да го надополнат промашеното.
Домаќините имаа проблем и со повредени играчи. Уште во осмата минута од игра излезе Робен, а во 34. теренот од исти причини го напушти и Боатенг.
Резултатот беше отворен во 28. минута кога Кимих од странична ситуација го совлада Навас кој направи погрешна проценка, мислеше дека бекот на Баерн ќе нафрли, но тој ја смести топката во неговата мрежа. Реал го изедначи резултатот пред самиот крај на првото полувреме, една топка дојде до Марсело а тој со убав шут од работ на шенаесетникот погоди за 1-1.
Во 57. минута нововлезениот Асенсио беше проигран од Лукас, влезе во убава позиција и не погреши, погоди за водство од 2-1 кое се покажа како конечен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст