| четврток, 6 декември 2018 |

Подалеку од нив кога се лути: Овие хороскопски знаци најлошо се справуваат со гневот

Кога некој во вашата околина е лут, вашиот прв инстинкт најверојатно ќе ви каже да се повлечете и да му дадете простор да се смири. Сепак, на некои луѓе им треба повеќе време за смирување, а секој хороскопски знак покажува бес на различен начин. Погледнете со кои знаци никогаш не треба да влегувате во конфликт кога се бесни.

Бик

Биковите се тврдоглави и бескомпромисни. Кога се лути, не можете да направите многу работи за да ги смирите. Обично се лутат со причина и потребно им е време да се смират и оладат. Многу се гласни кога се фрустрирани. Биковите имаат многу мало трпение за оние кои ги вознемируваат кога се лути.

Лав

Лавовите се драматични и доминантни. Кога се лути, тие цврсто веруваат дека се во право и не сакаат да се повлечат од расправата. Не се воздржуваат од навреди кога ќе се налутат некому. Нивниот бес понекогаш е претеран. Дури и кога не се во право, никогаш нема да го признаат тоа и одбиваат први да се извинат.

Скорпија

Скорпиите се самоуверени и сакаат да бидат во право. Тие се злопамтила и нема лесно да го заборават она што ги вознемирило. Знаат да бидат пасивно агресивни и потсмешливи кон другите кога се лутат. Иако Скорпиите обично се мирни и ладнокрвни, умеат да бидат злобни и безобразни кога се повредени.

Стрелец

Стрелците обично не се злобни, но кога се лути, не одбираат зборови. Овој огнен знак блуе оган кога е бесен. За среќа, кога ќе му помине лутината, Стрелецот обично се извинува поради тоа што претерал.

Јарец

Јарците најчесто се многу прибрани и одговорни. Обично немаат емотивни испади, но понекогаш бесот го извлекува најлошото од нив. Кога ќе ги обземе гневот, го истураат на личноста која им е во близина. Прилично се арогантни кога се лути и ги обвинуваат другите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top