| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од една деценија беше во бегство: Ликвидиран убиецот на Аркан, Милан Ѓуриќиќ – Мики

Милан Ѓуриќиќ – Мики од Лозница, кој беше осуден на 30 години затвор поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан во хотелот Интерконтинентал, на 15 јануари 2000 година, е убиен во Јужна Африка, јавува српски Курир.

Како што дознава порталот, во српското МВР се уште нема официјална потврда за убиството на Ѓуриќиќ, но српската полиција преку канали во Интерпол и меѓународната полициска соработка ќе се обидат да ги проверат информациите.

Бидејќи Ѓуриќиќ е во бегство од октомври 2006 година, постапката против него е застарена, па судот ја повлече потерницата.

35 – годишниот Добросав Гавриќ, кој е осуден на 35 години затвор поради убиството на Аркан и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ Манда и Драган Гариќ и понатаму се во куќен притвор во Јужна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top