– Дојде во пет наутро и легна да спие. Му го зедов мобилниот и му ги прегледав пораките, а кога ги прочитав допишувањата со две жени, од кои едната е диџеј, а другата девојка од Загреб, почнав да го дрмам и будам. Му кажав: „Срам да ти е, имаш дете од 40 дена“, на што тој му одговори: ‘Ку*виште едно, тебе кој те донесе дома, кој те е*еше вечерва?’ Продолжи да ме навредува, и тогаш му кажав ‘Мајка ти е ку*ва’, раскажала денес пејачката Наташа Беквалац на сослушувањето во Првиот основен суд во Белград, пренесува „Курир“ кој дошол до целиот нејзини исказ.
– Штом го изговорив тоа, стана и со тупаница ме удри во левата страна на главата. Паднав на троседот, а потоа на подот. Се обидов да станам, тој беше зад мене, ме фати за коса и продолжи да ме удира со тупаница во главата. Јас врескав, а тој повторуваше дека сум ку*ва и ку*виште“, , додавајќи дека Лука ни тука не запрел, туку ја повлекол за косата и ја удрил уште шест или седум пати, продолжила таа.
Наташа објаснила дека модрицата на раката ја добила три или четири дена претходно, кога, како што тврди, сопругот исто така ја нападнал физички, и тоа само затоа што му префрлила дека мисли дека нивната ќеркичка не го исполнува, но и поради тоа што не го испушта мобилниот телефон од раце. Раскажала, наводно, дека сопругот константно ја понижувал и физички ја малтретирал.
– Некогаш беше нежен кон мене и ми велеше дека сум најдобра мајка на светот. А некогаш ме нарекуваше „кафеанска певаљка“ и ме навредуваше ред пријателите. Со текот на времето почнав лошо да се чувствувам психички, но јас го обожував, се’ уште го обожувам, но веќе не можам да живеам со него, изјавила Наташа во судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст