
20 годишниот Дилан Меквилијамс од Колорадо, имал неверојатна среќа во последниве три години и тоа во три различни ситуации во кои животот му доведен во опасност. Тој преживеал напади од смртоносни предатори – мечка, ајкула и змија.
Овој авантурист последната смртоносна средба ја доживеал на Хаваите, кога го нападнала ајкула додека сурфал.
– Беше лудо. Изгледа дека немам многу среќа, но имам среќа во несреќа, раскажува Дилан за Би-Би-Си.
Уживал во брановите на Пацифичкиот океан, кога почувствувал дека нешто го гризнало за нога.
– Видов ајкула под мене. Почнав да ја удирам, ја удрив еднаш и почнав брзо да пливам кон брегот.
Дилан раскажува дека навистина ги загрижил своите родители кои се противат на неговиот животен стил. Ова 20 годишно момче патува низ Америка и Канада носејќи го со себе само својот ранец, а своите патувања ги финансира со своите необични професии, како што е „инструктор за преживување“.

Во јули, пак минатата година додека кампувал го нападнала мечка.
– Мечката ме дофати за темето на главата, а јас ја бодев во лицето додека не ме пушти, раскажува Дилан кој завршил со девет конци на главата.
– Само бев на погрешно место во погрешно време. Не ја обвинувам ниту мечката, ниту ајкулата, ниту змијата, вели Меквилијамс кој бил нападнат од смртоносна змија во американската сојузна држава Јута, а за среќа и ја преживеал и таа незгода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



