Доставувачка на храна која работела во „Пица хат“ во САД, добила отказ заради вицот кој го напишала на кутијата во која доставила пица на едно семејство. Мајката која нарачала пица за неа и нејзините синови била навредена од вицот, па ја пријавила во ресторанот. За неколку дена, жената добила отказ.
– Што имаат заедничко гинеколог и доставувач на храна? – Двајцата мораат да ја мирисаат, но не можат да ја изедат, гласел вицот заради кој вработената ја изгубила својата работа.
Низ светот голем број на ресторани кои доставуааат храна, нудат ваква услуга, нивните муштерии да си порачаат и виц, па ова семејство освен пицата побарало виц, кој не им бил по вкус. Сепак, откако случајот бил објавен во јавноста, брзу почнал да се шири на социјалните мрежи, каде што мајката заради чија поплака вработената добила отказ, била на големо критикувана и напаѓана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст