Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека дијалогот со Србија е тежок, но оти е едениствен пат да се оди напред.
На форумот “Идната декада на Косово: Унапредување на реформите, регионалната соработка и европската интеграција”, Тачи изјави дека следните денови и недели ќе бидат одлучувачки за консолидирање на Косово како држава.
Тој ги поздрави платформата предложена од претседателот на парламентот Кадри Весели за општ политички консензус за прашања од национален интерес, како и платформата на Владата за финализирање на дијалогот со Србија.
– Добредојдени се и ги поздравувам платформите што ги предлагаат политичките лидери, посебно за да постигнеме консензус за последната фаза од дијалогот меѓу Косово и Србија. Обврзувачкиот договор е во полза на двете земји. Тоа го олеснува патувањето кон ЕУ. Знам дека дијалогот со Србија е многу тежок, исто како и посветеноста за помирување, но ова е единствениот начин да се оди напред,истакна Тачи.
Тој посочи дека косовската политика има потреба од длабоки реформи, додавајќи дека е уверен оти втората деценија од независноста на Косово ќе донесе членство на земјата во НАТО
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст