Портпаролот на Владата на Република Македонија Миле Бошњаковски во одговор на новинарско прашање на Република вели дека премиерот и делегацијата на Еу заминале пред вработените во Актор да се развеселат и да заиграат чочек во тунелот.
Музичарите што ги ангажирал Актор и чочекот во тунелот не биле дел од официјалното сценарио на отворањето на автопатот Демир Капија – Смоквица, што го организирале Делегацијата на ЕУ (ДЕУ)и МТВ со финансиска поддршка од ДЕУ.
-Официјалниот настан беше организиран од Делегацијата на ЕУ (ДЕУ) во нашата земја и од Министерството за транспорт и врски (МТВ), на кој покрај премиерот, беа поканети и висока владина делегација, директорот на DG NEAR, дипломатскиот кор, а во официјална посета беше и грчкиот министер за транспорт и врски. Во ниту еден дел од официјалното сценариото не постои таков тип на одбележување какво што споменувате во вашето прашање. Таков настан не е организиран од официјалниот организатор, вели Бошњаковски за Република.
Тој додава дека премиерот и владината делегација заминале веднаш по завршувањето на официјалниот дел од настанот помеѓу 13:30 и 14:00, кога заминаа и домаќините до ЕУ.
-Настанот за кој вие реферирате, се случил без официјални владини претставници и во попладневните часови, рече Бошњаковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст