Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски бара поддршка од пратениците од сите политички партии, но и од стручната јавност, за Предлог-иницијатива за промена на локацијата за изградба на нов клинички центар.
Предлог-иницијативата на Димовски ќе биде доставена до Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, со надеж дека ќе биде разгледана и прифатена, без разлика на тоа дека како иницијатива започнува по предлог на пратеник на опозицијата во Собранието на Република Македонија.
Кога веќе Владата одлучила Клиничкиот центар да не се гради на претходно предвидената локација, време е да се предложат други решенија и алтернативи освен единственото за кое Владата размислува во Бардовци, на север од Скопје, коментира пратеникот Илија Димовски на Фејсбук.
Димовски образложи дека многу подобро би било Клиничкиот центар да се гради во општина Петровец наместо, како што е предложено, во Бардовци, а за тоа наведува неколку причини.
1. Општина Петровец се наоѓа на стратешки добро поставена позиција во чиј радиус од максимум 40 километри се наоѓаат четири големи градови: Скопје (10 км), Куманово (20 км), Велес (30 км) Штип (40 км).
2. Во балансиран радиус околу општина Петровец лесно и брзо гравитираат многу општини: Кавадарци, Неготино, Росоман, Градско, Чашка, Велес, Лозово, Свети Николе, Карбинци, Штип, Куманово, Старо Нагоричане, Липково, Арачиново, Илинден, Зелениково и градот Скопје.
3. Вкупниот број на жители на општините кои гравитираат на ова подрачје е околу 970.000 или близу половина од вкупниот број на жители на Република Македонија.
4. Општина Петровец е на инфраструктурно најдобрата позиција во Република Македонија. Тука е раскрсница за 4 автопатски правци:
– кон Велес и Гевгелија (јужно);
– новиот автопат кон Штип, кој ќе продолжи со експресни патни правци кон Кочани и Радовиш (источно);
– кон Куманово (север);
– кон Скопје, обиколница и кон Тетово, Гостивар (запад).
5. Во Општина Петровец се наоѓа и аеродром кој секогаш се користи и ќе се користи за превоз на пациенти кон регионалните и светски центри за лекување.
6. Во Општна Петровец има значително големи парцели на државно земјиште што ќе ја ослободи Владата од планираните трошоци за експропријација на приватно земјиште во Бардовци, општина Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст