Според српските медиуми, сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, добил понуда да ја продаде својата бизнис империја на американска компанија.
Американската група “ККР” му понудила на Митровиќ 500 милиони евра за преземање на компанијата што е во негова сопственост, но тој одбил. Сепак, продажбата на каналите во Црна Гора и во БиХ сè уште се разгледува.
Во целата трансакција, треба да биде вклучена и профитабилната авиокомпанија “Ер Пинк”.
Како што се наведува понатаму, разговорите ќе продолжат и Жељко закажал итен состанок на сите менаџери на “Пинк” во земјата и во регионот, каде што ќе бидат презентирани важни одлуки во врска со иднината на компанијата.
Сопственикот на “Пинк” не ја потврди информацијата за продажбата на компанијата, иако на веб-сајтот на “Пинк”, како и за време на телевизиската програма, потврдија дека состанокот ќе се одржи.
Некои медиуми во Србија јавија дека Митровиќ ја одбил оваа понуда, но сеуште нема никакво образложение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст