| четврток, 6 декември 2018 |

По дивите свињи, на ред дојдоа зајаците: Градоначалникот на Kумaново, се пофали со застрелани животни

По масакрот на диви свињи во резерватот „Јасен“ во кој Хари Костов заедно со Бранко Бојчевски и Нано Ружин, кој подоцна се иззема од одговорност, и градоачалникот на општина Куманово Максим Димитриевски тргна по нивните стапки, пишува Инфомакс.

До редакцијата на Инфомакс пристигнале фотографии од градоначалникот Димитриевски, на кои се гледа како гордо позира покрај неколку десетици застрелани диви зајци, заедно со огненото оружје со кое се застрелани.

Максим Димитриевски беше дел од пратеничката група на СДСМ пред да се кандидира за градоначалник на општина Куманово, од чиј мандат во градот, засега граѓаните имаат само поплаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top