Иван Роналд Мишковиќ, најмладиот од шестмината хлигани кои ги започнаа нередите на 156. дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан во декември минатата година, се вратил од Хрватска откако ја отслужил 4 месечната казна затвор во Србија.
Тој потпишал спогодбен договор со Обвинителството во Белград по што бил пуштен од затворот во Сремска Митровица по 4 месеци. На денот кога му истекла казната, тој добил и решение кое вели дека мора да ја напушти земјата во рок од 48 часа, бидејќи освен затворска тој бил и протеран од Србија каде нема да смее да влезе следните 5 години.
Хрватските медиуми пишуваат дека Мишковиќ не добил превоз до хрватската граница, туку само бил оставен на улицата пред затворот откако бил ослободен, па морал само да си организира како ќе ја непушти земјата во предвидениот рок. Како што наведуваат тие, бил приморан брзу да го контактира неговото семејство за да му помогнат.
За потсетување, двајца од хрватските хулигани кои учестуваат во нередите на дербито добија по 6 месеци затвор, тројца по 5, а најмладиот од сите Мишковиќ, четири месеци затворска казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст