| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен вработен ограбил казино во Маџари: Ја знаел шифрата на вратата, од сефот земал 13 000 евра

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.И. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 22.01.2018 година околу 17.00 часот во автомат-клуб на ул. „Наум Наумовски Борче” во Скопје, пријавениот, кој претходно бил вработен како обезбедување во клубот, преку задната врата влегол внатре. Потоа, со шифра со која ја знаел од времето кога бил вработен, ја отворил вратата од просторијата во која се чувале пари за дневна игра, и од сефот одзел околу 813.182 денари (околу 13 300 евра), по што побегнал од местото.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top