| четврток, 6 декември 2018 |

Избрани претседатели на Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ

На редовниот состанок на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа вчера беше анализирана актуелната економска, политичка и општествена состојба во државата, информираат од партијата.

-Извршниот комитет констатираше дека економската состојба во државата се влошува. Просечната плата повторно падна, а трошоците за живот се во постојан раст и го намалуваат стандардот на живеење на граѓаните. Покрај граѓаните со проблеми се соочуваат и стопанствениците особено градежништвото кое е во слободен пад, благодарение на катастрофалната реализација на капитални проекти од страна владата на СДСМ. Катастрофални се и состојбите во земјоделието и наместо да добијат гарантиран откуп на земјоделските производи, земјоделците едвај врзуваат крај со крај и се соочуваат со најниските цени последниве години.

Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ констатираше и дека владата предводена од СДСМ нема стратегија за подобрување на економската состојба во државата. Основно барање на граѓаните останува вработувањето, но невработеноста стагнира последните 11 месеци, делумно поради влошената економска состојба, а делумно и поради немањето стратегија за привлекување на странски инвеститори на владата на СДСМ.

На состанокот беше разговарано и за низата скандали кои ја тресат владата на СДСМ изминативе неколку месеци. Станува збор за низа на милионски тендерски постапки каде постојат сериозни сомневања за криминал кој е на штета на граѓаните. Беше заклучено дека доколку не сопре коруптивното работење на криминалниот клан во власта, Македонија ќе ги надмине и најкриминалните држави од африканскиот континент. Се разговараше и за неажурноста на обвинителството кое иако по допрен глас е должно да започне истрага за сомнителните тендерски процедури спроведени од Власта, истрага сеуште нема.

Повторени беа и ставовите дека во Македонија има отсуство на демократија, а владата нема демократски капацитет, белег кој го потврди повеќе пати изминатите 11 месеци. Беше забележано дека секојдневно се зголемува бројот на политички монтираните судски процеси против поранешни и сегашни членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а се со цел да се изврши притисок и заплашување на активистите на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај разговорите за состојбите во државата беа разгледувани и донесени и кадровски одлуки и беа финализирани постапките за избор на повеќе претседатели на Општински Комитет ширум Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За претседатели на Општински Комитети се избрани:

Куманово – Бране Петрушевски;
Сопиште – Јане Мицевски;
Гостивар – Лоран Сарашевски;
Чучер Сандево – Зоран Бајовски;
Велес – Игор Здравковски;
Чаир – Ѓоко Велковски;
Кичево – Ѓорѓија Сајкоски;
Кавадарци – Зоран Јованчев;
Неготино – Златко Пенков;
Валандово – Дејан Бошков;
Босилово – Тони Граждабнлиев;
Василево – Живко Атанасов;
Ново Село – Николче Стоилков;
Гевгелија – Андон Сарамандов;
Богданци – Кристијан Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top