СДСМ има голем мерак да отвора, да – пред два месеци градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и неговиот колега од Центар Саша Богдановиќ модерно и младешки ја пуштија во употреба старата автобуска постојка на „50“, која минува низ ГТЦ – со диџеј. За свеченоста специјално беше затворена и улицата „Димитрие Чуповски“ – да се памети кога Шилегов сечел лента на автобуска постојка.
Бизарно: Со ди-џеј и техно забава Шилегов пушти во употреба автобуска постојка (видео)
Кратко потоа автобусот се врати на старата траса, зашто се санира улицата која минува под ГТЦ. Вчера се ставаше нов асфалт, па ништо чудно за некој ден повторно да има отворање – второто враќање на „50“ под ГТЦ. И така, да е весело само!
Со растресени задници и сплет од чочеци низ тунел социјалдемократите тргнаа кон Европа (ВИДЕО)
За чочекот од вчера сликите се повеќе од свежи. Министерството за транспорт и врски крева раце од растресените задници, а за жртвено јагне се подметна „Актор“. Додека чекаме одговор од Владата дали ПР-службата знаела и сепак дозволила ваков циркуз на свеченото отворање на патот кон Европа, многу нѐ копка како ќе изгледа отворањето на пречистителната станица на Шилегов, која треба да биде отворена најдоцна за две години.
Сепак, забавите со вода се повозбудливи и тешко се забораваат 😉
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


