| четврток, 6 декември 2018 |

Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори, истакна Артан Груби на седницата на Комисијата за европски прашања, чиј претседател е, и додаде дека тоа што денес се чини тешко, утре ќе биде наградено.

„Оваа препорака е поразлична од претходните седум. Овој пат е навистина поразлична. Ние и Брисел гледаме кон иста цел. Опозицијата, позицијата, млади, стари, Албанци и Македонци застанаа зад иста цел, а тоа е подобар живот, повисоки плати. Сите надежи се кон евроинтеграциите. Се радуваме затоа што конечно научивме дека не можеме да напредуваме со партиска и владина контрола врз медиумите, ректоратот, професорите, студентските организации, наставниците, обвинителите, граѓаните. За ова најголемата одговорност е кај нас, политичарите. Во најскоро време и другите ќе научат“, истакна претседателот на Комисијата за европски прашања.

Според Груби, одговорноста ја носи и академската заедница, судството, медиумите и невладините организации. Тој вели дека заокружени се клучни реформи, а со тоа е вратена довербата на членките на ЕУ и НАТО во Македонија.

„За да се има доверба во процесот, оваа препорака иако не е прва мора да биде последна“, вели Груби.

макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top