| четврток, 6 декември 2018 |

Сослушување за физичкиот напад: Сопругот на Беквалац непрепознатлив со пет адвокати се појави во судот (фото)

Сопругот на Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ утрово пристигнал на сослушувањето во Првиот основен суд во Белград во придружба на пет адвокати. Двајцата денеска ќе ги дадат своите изјави пред обвинителот.

Брачните партнери по пријавата на поп пејачката дека Лука ја претепал во нејзиниот стан на Дедиње, денеска своите искази околу ситуацијата ќе ги изнесат пред надлежната институција.

Денеска освен Наташа и Лука ќе биде сослушана и дадилката која ја чува нивната ќеркичка Катја.

Лука не сакал да даде никаков коментар за новинарските екипи, а покрај него се движеле неговите петмина адвокати. Она што на сите им паднало во очи е неговиот изглед кој бил драстично променет, свежо избричен и облечен во панталони и кошула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top