Американската полиција го уапси Тревис Реинкинг, човекот кој во Нешвил уби четири лица откако гол упадна во ресторан.
Неговото злосторство е последно во низата на масовни убиства во кое што напаѓачите во САД ја користат полуавтоматската пушка “AR-15” која со еден додаток може да се претвори во автоматска пушка.
29-годишниот Реинкинг од округот Тазвел во државата Илиноис, пред апсењето, последен пат бил во неделата наутро облечен само во црни пантолони. Тој до неодамна живеел во изнајмен стан во близина на ресторанот кој што работел.
За време на нападот во Нешвил, Реинкинг две лица убил пред, а уште две внатре во ресторанот. Тој успеал да побегне откако еден од гостите во ресторанот, Џејмс Шо успеал да му ја одземе пушката и веројатно со тоа спречил уште поголема трагедија.
– Само ја чекав мојата шанса и кога видов дека шаржерот испадна, тогаш го нападнав – изјави Шо за американските медиуми и додаде дека откако му ја одзел пушката, ја фрлил зад шанкот.
Реинкинг од порано ѝ бил познат на полицијата. Во јули 2017-та година американската тајна служба го уапси во близина на Белата куќа откако претходно ја прескокнал заштитната ограда.
Потоа властите од Илиноис му ја повлекле дозволата за носење на оружје и му заплениле четири други парчиња на огнено оружје, вклучувајќи ја и пушката “AR-15” со која што го извршил нападот во ресторанот. Таа пушка подоцна му била вратена на таткото на Реинкинг кој што пак признал дека му ја дал на својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст