Италијанската фудбалска федерација наскоро ќе го назначи Карло Анчелоти за селектор на националниот тим, пренесува „Кориере дело спорт“. Искусниот тренер во понеделникот имал состанок со челниците на Федерацијата, Роберто Фабричини и Алесандро Костакурта.
Весникот пренесува дека за да биде официјализирана соработката треба уште само да се „испеглаат“ финансиските детали од договорот.
Италијанската фудбалска федерација има ограничени сретства што може да му ги понуди на селекторот. Платата на Анчелоти ќе изнесува пет милиони евра годишно, што е значително помалку од она што тренерот го заработуваше во минхенски Баерн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст