Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека попладне облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 4 до 10, а највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 24 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје исто така ќе преовладува сончево време. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 9 до 28 степени.
Метеоролозите информираат дека периодот на релативно топло време ќе продолжи и во наредните денови, со можност во попладневните часови да дојде до делумно зголемување на облачноста со краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст