| четврток, 6 декември 2018 |

Конечен биланс: Девет лица загинаа кога комбе удри во пешаци во Торонто

Девет лица загинаа, а 16 се  повредени кога  комбе удри во пешаци на тротоар во Торонто, соопшти полицијата.

Возачот избегал од местото на инцидентот, но бил уапсен неколку блока подалеку и е притворен. Властите велат дека сé уште не ги утврдиле мотивите за инцидентот.

Очевидец кој возел зад белото комбе рекол дека: „Возачот газеше се пред себе. Удираше во луѓе, хидранти, поштенски сандачиња. Видов, најмалку 6-7 луѓе како буквално летнаа во воздух кога комбето удри во нив“, рекол сведокот.

Градоначалникот на Торонто, Џон Кори го нарече „многу трагичен инцидент“ и кажа дека градот и понудил секаква помош на полицијата за да и помогне во истрагата.

Медиумите објавија дека комбето било изнајмено од позната рент а кар компанија.

Инцидентот се случи во северниот дел на Торонто, на околу 30 километри од центарот на градот  каде што министрите за надворешни работи на Г-7 најразвиени земји одржуваа состанок.

Висок владин извор за медиумите рекол дека нивото на закана за тероризам во земјата не се променило и инцидентот се уште не се третира како закана за националната безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top