| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов си го брани директорот: Смаиловиќ земал 1700 евра, ама за два месеци

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ги демантира тврдењата на „Левица“ дека директорот на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ речиси двојно си ја покачил платата.

-Она што е објавено во јавноста е пресметка на плата за два месеци, што заедно ги има примено во јануари.Не знам зошто некој сакаше да крои лаги со цел да дискредитира човек што неуморно работи, рече Шилегов.

Тој кажа дека кога новиот директор ја презел функцијата, Јавното претпријатие имало долг од 150 милиони денари и три заостанати неисплатени плати на вработените.Сега, како што кажа Шилегов се исплатени сите плати, а долгот е намален на 90 милиони денари.

Директорот на ЈП Улици и Патиша Сенад Смаиловиќ, има плата од 55 000 денари, колку што имал и неговиот претходник – рече Шилегов.

На социјалните мрежи, Левица објави документ кој го добиле, како што напишаа од „свиркач“ во ЈП Улици и патишта.

Млад и амбициозен социјалдемократ заработува повеќе и од Заев: Директорот на „Улици и патишта“ се самонагради со 1700 евра плата

Тие го повикаа градоначалникот на Град Скопје итно да го разреши директорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top