По стресот што го преживеала по претепувањето од сопругот, Наташа Беквалац минува низ нова агонија.
Курир.рс дознава дека на пејачката ѝ се закануваат луѓе на кои ИТ-експертот им должи пари. Лука раководел со изградбата на салашот на Наташа во Ченеј во близина на Нови Сад, каде што требало да се преселат откако ќе се роди бебето.
-Наташа не е при себе. Од ден на ден дознава нови проблеми во кои ја заглавил сопругот. Секојдневно ѝ се јавуваат луѓе кои ѝ бараат пари за завршување на работите на изградбата на салашот. Таа не знае за што се работи бидејќи таа работа му ја препушти на Лука, кому безрезервно му веруваше. Таа не се занимаваше со мајстори, зашто тогаш беше бремена, вели информиран извор за весникот.
Беквалац дури пред некој ден дознала дека Лазукиќ стои зад кражбата на имотот. Иако имало вработено чувар, крадци успале да упаднат и да го однесат сиот алат од имотот во изградба.
-Не украле ништо вредно, зашто куќата не е довршена и тогаш немало ништо. Успеале само алатот на мајсторите да го однесат. Чуварот сфатил дури утредента дека имало грабеж, па ѝ се јавил на Наташа, а таа пријавила во полиција. Направиле мала штета, но Наташа дури сега дозна дека зад грабежот стои Лука.
Наташа ги потврдила изјавите на изворот на Курир.рс.
-Наташа минува низ пекол. Освен што претрпе физичко насилство, секој ден се соочува со проблеми и големи финансиски долгови. Само што прими вознемирувачки повици од луѓе на кои Лазукиќ не им исплатил за работите на салашот. Наташа дозна дека нејзиниот маж ја исценирал пљачката, а всушност неисплатените работници си го зеле алатот и си заминале. Наташа не работи од октомври и има големи финансиски проблеми, наведуваат од ПР службата на Беквалац и додале дека пејачката апелира ниту една жена да не трпи насислтво
Наташа ќе бара Лука да ја гледа нивната ќерка само во присуство на стручни лица, а ќе бара судот да изврши вештачење и под кои услови ќе може да го гледа детето.
Наташа и дадилката, која вечерта била со бебето ќе сведочат утре во судот во Белград, а изјава ќе даде и Лазукиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


