Ѓорги Сламков претседател на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер поднел оставка.
Оставката ја доставил до Собранието минатата недела на 17 април, поради како што навел лични причини.
Сламков беше избран за претседател на Комисијата, откако претходно во два мандати беше претседател на Антикорупциската комисија.
Додека беше на чело на Анткорупциската, Сламков ја отвори и веднаш ја затвори постапката против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков за судир на интереси.
„Согласно со законот за спречување судир на интереси, не постои основа да се утврдува судир на интереси доколку избрано или именувано лице во Република Македонија има трговско друштво основано надвор од нашата држава бидејќи трговското друштво е основано според правото на земјата во која е регистрирано седиштето и важат законите на домицилната држава, а не законите на Република Македонија“, рече Сламков, откако опозицијата откри дека Мијалков станал сопственик на фирмата „Миртланис“ регистрирана во Република Чешка и тоа не го пријавил во анкетниот лист.
Како директор на Комисијата за заштита на податоци за слободен пристап до информации, Сламков одби да даде информации на новинарите за имотната состојба на Јанкуловска, Јанаќиевски и Мијалков со образложение дека станува збор за „лични податоци, заштитени со закон“.
Годишниот Извештајот за работата на Комисијата за слободен пристап денеска беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Комисијата не го усвои овој извештајот на Комисијата за слободен пристап.
Претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер го избира Собранието на предлог на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


