Што ни подготвија ѕвездите за претстојната недела, од денес (23.април) до недела (29.април) 2018, прочитајте во неделниот хороскоп.
Овен
Дали сте подготвени за убава промена во сентименталното поле? Почнувајќи од вторник, Венера ќе биде многу поволна за вашиот знак … и кој знае дека наскоро нема да ја пронајдете вистинската личност! Од друга страна пак, на работното место, особено на состаноците, ќе бидете фаворизирани од убавиот аспект на планетата на комуникациите, Меркур. Внимавајте да не пропуштате убави прилики во среќните денови – понеделник и вторник. Сепак, дејствувајте со претпазливост на работното место меѓу петок и сабота.
Бик
За жал оваа недела планетата Венера го напушта вашиот знак и ќе се пресели во полето на Близнаците. Но, не грижете се, сепак: во последниот период се постави основата толку цврста на вашата врска што ништо не може сега да го попречи растот на една прекрасна љубов! Оваа недела на работното место искористете ги поволните денови кога ќе бидете фаворизирани од Месечината – во среда и четврток. Внимателно да не претерате вложувајќи се премногу во работата. Викендот ќе бидете малку нервозни, па добро е да го искористите за патување.
Близнаци
Дали сте подготвени да го почувствувате вашиот голем момент на романса и на страст? Тој доаѓа! Почнувајќи од вторник, планетата Венера ќе влезе во вашиот знак и ќе ви донесе многу убави вести на сентиментално поле! Навистина позитивен е периодот за да ги вложите вашите чувства во кои ќе има пламен и емоции, а доколку остварите врска (што не веруваме дека нема) ќе биде незаборавна … Многу среќа ве чека, исто така, на работното место, особено во првиот дел од неделата. Некои пречки се можни во четвртокот.
Рак
Оваа недела, за жал, планетата Венера престанува да го поддржува вашиот знак, но не грижете се: можеби ќе ги пропуштите „пеперутките во стомакот“ во следниов период, но сепак ќе можете да уживате во една недела на големо спокојство со вашиот партнер или пак, сами доколу немате партнер. Неповолната поставеност на Меркур пак, од друга страна, продолжува да создава проблеми и недоразбирања на работното место: особено бидете внимателни во прилично нервозниот петок.
Лав
Конечно планетата на љубовта Венера се враќа во убава поставеност за да ве расположи и насмевне! Во последниот период љубовта ви зададе многу маки и проблеми, но сега – веќе почнувајќи од вторник – ќе можете да го најдете спокојството покрај партнерот или да ја оставите засекогаш приказната што не функционира повеќе. Убавата поставеност на Меркур пак, ви помага да остварите нови и корисни состаноци и контакти, па искористите ги особено во вторник, петок и сабота!
Девица
За жал, ѕвездите немаат добра вест за вашиот знак … Венера, почнувајќи од вторник, ќе влезе во неповолна положба и спокојството на вашиот живот во пар ќе биде ставено на тест. Исто важи и за осамените, ќе бидат ставени „под лупа“ на лицето кое им се допаѓа. Тензиите може да станат тешки за одржување за оние кои се во врска, особено ако сте со личност родена во астролошки знак кој не е склон кон дијалог и не се соочува со проблемите, па може да дојде и до предавство … На работното место, прилично здодевна недела.
Вага
Конечно пристигнуваат добри вести за вашиот знак. И време беше, зашто во последно време бевте ставени на тест… Почнувајќи од вторникот, планетата на љубовта Венера ќе заземе поволен аспект и љубовта ќе ви се врати, а со неа и големата насмевка! Сите тензии со партнерот ќе бидат измазнети и ќе бидете многу поспокојни од порано. Супер среќа ќе имате и на работното место, тогаш, искористете го најдобро петокот, а саботата пак, искористете ја за заслужен одмор во природа. Пред вас е многу релаксирачки викенд.
Шкорпија
Ќе бидете среќни и ќе го почувствувате тоа што конечно опозицијата на Венера ќе престане да ве „прогонува“ и да ви создава неволји на сентиментално поле, а тоа почнува од вторник! Последниот период не беше лесен во однос на чувствата, но сега ситуацијата ќе се подобри и ќе ја најдете стабилноста и спокојството кое го заслужувате. Уште малку „трпеливост” во понеделникот во кој, меѓу другото, дури и Месечината ќе биде неповолна …На работното место пак, нема некакви промени, а работите ќе течат вообичаено. Топ ден: недела.
Стрелец
За жал оваа недела планетата Венера ќе биде во опозијата на вашиот знак, односно ќе почне да ви создава проблеми на сентименталното поле. Почнувајќи од вторник, може да се соочите со дискусии и тензии, како и различни недоразбирања со партнерот, особено можно е да бидете повеќе нервозни во деновите среда и четврток. Не влегувајте во кавги и барајте колку што е можно повеќе дијалог со вашиот партнер. Најдобри денови во неделата за работа ќе бидат четврток и петок, а за комуникација и дружење – сабота.
Јарец
За жал, почнувајќи од вторник – веќе нема да имате поддршка од планетата на љубовта Венера. Но не грижете се, сепак: во последните недели успеавте да ја направите вашата врска постабилна и сé уште можете да уживате во прекрасно спокојство заедно со партнерот и во следните денови. На работа, ситуацијата со блокирањето продолжува: особено внимателно во петок кога не треба да преземате никакви брзи чекори. Никогаш не губете ја довербата во вашата способност!
Водолија
Конечно планетата на љубовта Венера престанува да ве спречува и почнува да дејствува во ваша корист! Ако во последните неколку недели вашиот љубовен живот беше полн со сомнежи и маки, почнувајќи од вторник, ќе можете да ги разјасните вашите чувства и да ја разгорите страста. Понеделник и вторник, за жал, Месечината ќе биде во опозиција и може да се почувствувате осамено… Од среда убави поволности и вести и на работното место!
Риби
За жал, почнувајќи од вторник – планетата на љубовта нема да биде поповолна за вашиот знак … Деновите од среда до четврток навечер, во кои ќе ја имате и Месечината во опозиција, ќе бидат особено тешки: внимателно да не кажувате работи од кои потоа може да жалите! На работното место ништо ново на повидок. Викендот ветува многу подобро време, особено во недела: ако имате нешто да разјасните, почекајте го тој ден за да ги избегнете непријатните караници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст