| четврток, 6 декември 2018 |

Освен Вилијам, кој друг дојде во болница со Кејт пред породувањето?

Кејт Мидлтон се породи на 23 април 2018 година во болницата „Сент Мери“ во Лондон и го донесе на свет третото дете, син, тежок 3.827 грама. Таа пристигна утринава во болницата во придружба на својот сопруг, Вилијам.

Кејт првото дете, принцот Џорџ го роди 10 часа откако пристигна во родилиштетот, а Шарлот по 2,5 часа. Новинарите од рано наутро беа пред болницата кога се очекуваше раѓањето на принцот Џорџ, а за време на раѓањето на принцезата Шарлот им беше забранет пристап на новинарите на влезот на болницата. Но, за третото дете фоторепортерите и новинарите уште од рано наутро беа пред болницата очекувајќи ја веста за раѓањето на третото дете.

Инаку, бебето е роденот на ист ден кога е роден и познатиот англиски писател Вилијам Шекспир, како и на денот на Свети Џорџ, кој е национален празник на Англија.

Утринава со Кејт и Вилијам била забележана и Наташа Арчер, нејзината лична стилистика. И по породувањето со Џорџ и Шарлот, Кејт ја дочека цела армија новинари и фоторепортери пред болницата. Сите чекаа да видат како изгледа и како е облечена.

Наташа прво била вработена како лична асистентка на војвотката од Кембриџ, а потоа посебно се посвети на нејзиниот изглед и имиџ. Добро упатени извори тврдат дека оваа функција ја добила по сугестија на кралицата Елизабета која сакала Кејт да изгледа „повеќе кралски“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top