Припадниците од Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР добија нови службени униформи. На промоцијата говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој соопшти дека согласно со законските прописи, обезбедни се вкупно 464 машка и 39 комплети женска цивилна облека за припадниците на овој Оддел.
Тој образложи дека единечната цена на машките комплети (палто и пантолони), и на женските комплети (едно палто, пантолони и здолниште) изнесува по 6.560 денари без вклучен ДДВ, односно севкупно 3.299.680 денари без ДДВ.
– Целта на нашето работење е унапредување на стандардите на професионалното работење на сите вработени во Министертството. Одделот за заштита на определени личности и објекти има свој специфичен делокруг на работни ангажмани и задачи и Министерството е должно да поведе сметка за сите аспекти од нивното работење. Пред нас како Министерство претстојат уште многу задачи за решавање, уште многу активности не само во поглед на техничко-материјалните услови за работа, туку и во поглед на стручното, организациското и системско унапредување на работата на Министерството. Имаме јасна визија и продолжуваме со нејзина реализација“, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст