| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерка го покани „Карпата“ на матурска забава – нема да верувате што направи тој (Видео)

Двејн „Карпата“ Џонсон го имаше најдобриот одговор на поканата од една тинејџерка упатена до него за да ја придружува на матурската забава.

Во снимката која ја објави на Твитер, Кети Келзенберг од Минесота го покани „Карпата“ да биде нејзин партнер на матурскиот бал, а неколку дена подоцна го доби одговорот и тоа додека беше на час, преку училишниот разглас.

-Сигурно се прашувате што прави Карпата на разглас? Па, праќам порака до една посебна млада дама, а нејзиното име е госпоѓица Кети Келзенберг, се слушна гласот од славниот актер на разгласот, а тинејџерката не можеше да поверува што слуша.

SURPRISE KATIE KELZENBERG! About a week ago, I come across a video on my Twitter feed, from a student at Stillwater Area High School (oldest high school in Minnesota) asking me if I would be her date to her prom. Unfortunately, I’ll be shooting during that time in Hawaii, BUT I was so impressed by this young lady’s charm and confidence to even ask me (ladies always get shy in front of me) that I had to do something special. I decided to rent out an entire theater (capacity 232 seats) in her town so Katie and her closest 232 friends and family can enjoy a special screening of RAMPAGE. And all the free popcorn, candy and soda high school kids can consume! You’re money’s no good Katie… everything is on Uncle DJ. !! And I also taped a special morning message surprising Katie and her high school that will play across the school’s intercom system… literally…RIGHT NOW, Katie should be turning red hearing me surprise her in front of her entire school. I wish I was there in person Katie, to see your reaction to all this, but I’ll hear about for sure and most importantly – you and all your friends have fun at the theater and ENJOY RAMPAGE! Thanks for being an AWESOME FAN and I’m a lucky dude to have fans like you. Uncle DJ ❤️ Ps – the gorilla in Rampage is way smarter (and better looking) than I am, but don’t tell him that because he has a HUGE ego

A post shared by therock (@therock) on

Иако Двејн објасни зошто не може да ја придружува на матурската забава бидејќи ќе биде на Хаваи каде го снима својот нов филм, Jungle Cruis, тоа не го спречи за Кети да го приреди изненадувањето на нејзиниот живот. „Карпата“ го изнајми локалното кино за „Кети и нејзините 232 најблиски пријатели да можат да уживаат во посебна проекција на филмот Rampage“.

-И бесплатни пуканки, колачи и сокови за сите. Сето тоа на сметка на чичко Д.Џ., напиша на Инстаграм актерот, а неговите обожаватели го нарекоа легенда поради таквата постапка.

-Не можев да поверувам. Бев толку возбудена, изјави тинејџерката за Pioneer Press.

-Само размислувам за тоа дека ме забележал и дека знаеше која сум. Ми се допаѓа тоа што комуницира со фановите на толку добар начин. Издвојува од своето време во денот за да се поврзе со нив, додаде таа.

taratur.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top