| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент во амбуланта во Шуто Оризари: Не сакал да чека ред, па му удрил тупаница на матичниот лекар

Матичен лекар од амбуланта од Шуто Оризари бил физички нападнат од негов пациент на кого не му се чекало ред за преглед. Нападот се случил во средата попладне кога во амбулантата пристигнало 19 годишно момче.

Тој ја оставил здравстевената книшка на шалтерот кај сестрата, а потоа без да чека ред влегол во ординацијата. Докторот го прекорил момчето за однесувањето, а тој веднаш му се нафрлил и го удрил со тупаница во пределот на окото. Поради тензијата вработените бргу повикале го обезбедувањето.

Во амбулантата во меѓувреме дошле и родителите на момчето, а за настанот била известена и скопската полиција.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top