| четврток, 6 декември 2018 |

Раѓањето на бебето на Кејт и Вилијам ќе биде објавено на твитер

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам наскоро ќе го добијат третото дете. Утринава Кејт е во болница, а раѓањето на бебето ќе биде објавено на твитер.

Кетрин е на породилно отсуство од 22 март.

Исто така, раѓањето ќе се одбележи и со традиционалниот обичај на поставување на соопштение во златна украсна рамка зад железните огради на Бакингамската палата.

Како и со нејзините претходни две бремености, Кетрин (36) страдаше од тешки утрински мачнини. Таа се надева на природно породување, како и со првите две деца Џорџ и Шарлот. Кралската брачна двојка не сакала предвреме да го дознае полот на бебето.

Меѓу омилените имиња во обложувалниците се Мери, Александра, Елизабет и Викторија, ако е девојче, а ако е момче, Артур, Алберт, Фредерик, Џејмс и Филип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top