| четврток, 6 декември 2018 |

Четврта Гран при награда за филмот „Види ја ти неа“ – приказна за неконвенционалната, млада девојка во машкиот свет

- Но, на крај сите членови на жирито се согласија дека најдобар краток филм на LET’S CEE филмскиот фестивал 2018 година е „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски од Македонија. Ни се допадна невообичаената приказна за неконвенционална, млада девојка во машки свет која ги излудува сите со цел да биде слушнат нејзиниот глас. Исто така ни се допадна комичниот факт дека таа сака да го фати крстот за Водици за да добие телевизор за најзиниот болен татко.Честитки за Горан Столевски и особено за младата главна актерка Сара Климоска за нејзината извонредна изведба - соопшти жири-комисијата на Фестивалот

Краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ кој скопската публика ќе има можност да го види вечерва во рамките на 21. Скопски филмски фестивал, викендов ја освои четвртата Гранд при награда на 6. LET’S CEE филмскиот фестивал во Виена.

Жирито на фестивалот, во состав Симон Бауман, Вернер Брикс и Весела Казакова соопшти дека не било лесно да се донесе конечната одлука.

– Но, на крај сите членови на жирито се согласија дека најдобар краток филм на LET’S CEE филмскиот фестивал 2018 година е „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски од Македонија. Ни се допадна невообичаената приказна за неконвенционална, млада девојка во машки свет која ги излудува сите со цел да биде слушнат нејзиниот глас. Исто така ни се допадна комичниот факт дека таа сака да го фати крстот за Водици за да добие телевизор за најзиниот болен татко.Честитки за Горан Столевски и особено за младата главна актерка Сара Климоска за нејзината извонредна изведба – соопшти жири-комисијата на Фестивалот.

Сценариото за филмот го напиша Горан Столевски кој е и режисер, а авторската екипа ја сочинуваат и Наум Доксевски-кинематографер, Влатко Чачоровски-сценограф, Жаклина Крстевска-костимограф, Братислав Зафировски-тонец, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.

Покрај Сара Климоска играат и Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.

„Види ја ти неа“ е копродукција помеѓу Црна Мачка Продукција и Скопје Филм Студио, а истиот беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.

Проекцијата почнува во 19 часот во Киното Милениум, ГТЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top