| четврток, 6 декември 2018 |

Се скарал со мајка му, ја украл картичката и заминал на Бали – има само 12 години

Момче од Сиднеј, на возраст од 12 години ја украл кредитната картичка од своите родители, ја измамил бабата да му го даде пасошот и одлетал на Бали по семејна кавга.

Тој сакал да оди на Бали, а мајка му не му дозволива. Но, тоа не го спречило во намерата. Откако истражил кои компании дозволиваат

12-годишници да патуваат без придружба нашол начин да ја напушти земјата, резервирал лет и хотелса соба.

На неговите им рекол дека ќе оди на училиште, се одвезол со тротинет до локалната станица од каде со воз заминал до аеродромот, се чекирал на терминал, се качил на лет за Перт, а потоа и на следниот за Индонезија.

Единствено вработените на аеродромот во Перт побарале да докаже дека има повеќе од 12 години.

„Беше одлично затоа што сакав авантура“, вели момчето.

Кога стигнал на Бали, на персоналот во хотелот им рекол дека ја чека сестра му, по што се чекирал.

Семејството од училиштето било известено дека тој е отсутен, а потоа дознале и дека е на Бали.

Ема, неговата мајка, веднаш заминала по него. Таа вели дека тој не сака кога му се кажува „не“.

„Бевме шокирани . Не постои емоција со која би објаснила како се чувствувавме кога дознавме дека е во странство“, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top