| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска свечено сечење на лентата за автопатот Демир-Капија – Смоквица

Денеска и официјално се пушта во употреба автопатот од Демир Капија до Смоквица, новоизградениот дел од автопатот „Пријателство“.

На пуштањето ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Директоратот за проширување на ЕУ, министри и директори од Владата, градоначалници на општини низ кои минува автопатот, претставник на централната власт на Република Грција и претставници на компаниите изведувачи на работите на оваа делница.
Изградбата на овој дел од автопатот (28 километри) траеше шест години и чинеше 270 милиони евра. Автопатот има 2 тунела од по 1.200 метри и 6 мостови. Изведувач на работите беше грчката компанија „Актор“.

Еден од најсовремените автопати во овој дел на Европа, проект на ВМРО-ДПМНЕ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top