| четврток, 6 декември 2018 |

Надал по 11 пат победник во Монте Карло

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои рекордната 11-та титула на мастерсот во Монте Карло, откако во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори во два сета, 6-3, 6-2.

Надал до рекордната 31 мастерс титула дојде за еден час и 32 минути. Тој четири пати му го одзема сервисот на Нишикори, кој направи еден брејк. Тоа беше 10 победа на Надал над Нишикори во 12 мечеви.

Шпанецот така во своето 12 финале во Монте Карло го освои рекордниот 11 трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top