| четврток, 6 декември 2018 |

Случајот „Монструм“е пример како може да се помине границата кога се тргува со чувствата на луѓето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Курир вели дека единственото што мора да се направи во сркса со случајот „Монструм“ е да одговараат убијците, и тука нема алтернатива.

– Секоја црна пропаганда на Зоран Заев му се враќа како бумеранг и станува негов противник. Ова е црн пример како може да се помине границата и да се тргува со чувствата на луѓето само за да се добијат политички поени, вели Мицкоски кој на прашањето дали очекува правдата да биде задоволена вели:

– Не е прашањето дали јас очекувам или не, единственото што мора да се направи е да одговараат убијците, и тука нема алтернатива. Секоја црна пропаганда на Зоран Заев му се враќа како бумеранг и станува негов противник. Прво тој кажа дека има информации за тоа кои се убиците, директно градејќи впечаток дека овие што се осудени не се убијците, тогаш тоа му одговраше бидејќи не беше власт тоа време. Се среќаваше со родителите, им читал транскрипти, за откако да дојде на власт сè да заборави, напротив, се ослободија оние кои веќе еднаш беа осудени и се врати од почеток процесот.

– Го слушам деновиве како вели тие беа банални разговори меѓу осомничениот за убиство Азири и градоначалникот Бејта, па уште прецизно додава ”се работеше за 450 евра земјоделски субвенции”. Па ако се работело за земјоделски субвенции, зошто им го пуштал разговорот на родителите на убиените деца, а второ прилично е чудно како од стотици илјади разговори тој се сеќава прецизно за разговорот помеѓу Азири и Бејта, па уште ја памети сумата за субвенции од 450 евра, а на пример не се сеќава колку е богат, па кога ќе го прашаат вели 6 или 7 милиони евра е богатството на Заеви, како тоа да е разлика од 100 денари. Ова има дефинција во науката, а тоа се вели лага. Се лаже во секој поглед, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Монструм“ е случај кој станува црн пример, црно петно за тоа до каде може да се оди во политиката и колку болно може да се манипулира со чуствата на граѓаните и пред се со чувствата на убиените деца.

– Јас како родител, како индивидуа, најмногу сочувствувам со тагата на родителите. Ова е црн пример како може да се помине границата и да се тргува со чувствата на луѓето само за да се добијат политички поени. Гледаме случај кој е дел од Тиранската платформа од која формано се откажаа, ама неформално ревносно ја исполнуваат. Сепак политиката мора да има морал и граници. Поради ваквото однесување Зоран Заев ја девалвира и позицијата политичар. Е сега, овој политичар замислете одлучува за прашања што значат државен интерес, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top