| четврток, 6 декември 2018 |

Дебарца се крена против изградба на депонија: Заев, одржи си го зборот, или ќе не послушате или ќе ве нема! (фото)

Жителите на Дебарца денеска излегоа на протест против изградбата на регионална депонија во нивната општина и под мотото „Дебарца чиста” и порачаа дека Деабрца ја наслеидле чиста и чиста ќе остават.

Еколошкиот бунт започна точно напладне во селото Ботун, а најавија и запирање на сообраќајот на патот Охрид-Скопје во близина на Ново Село. Жителите бараат да се поништи одлуката за изградба на регионална депонија во село Годивје.

„Премиере, не играјте си со нашето трпение“.

„Депонија во Дебарца нема да има, нашето здравје не е ваша ниту европска грижа“, беа само дел од пораките кои можеа денеска да се прочитаат на транспарентите со кои граѓаните го искажаа своето незадоволство.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека треба нив да им го даде она што им го вети, а не на неговите коалициони партнери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top