Синоќа околу 21.45 часот во Скопје, Д.А. вработен како таксист, со патничко моторно возило „Рено Меган Скеник“ со скопски регистарски ознаки сопственост на такси компанија, превезувајќи две непознати машки од автобуска станица „Рекорд“ до улица „Џон Кенеди“, му била извршена разбојничка кражба од страна на двете лица.
Притоа тие му одзеле мобилен телефон со што се стекнале со противправна имотна корист од 2.000 денари. Имено, според пријавата, на раскрсницата помеѓу улиците „Џон Кенеди“ и „Лазо Трповски“ откако Д.А. застанал на црвен семафор, едно од лицата се симнало од возилото додека другото го одзело неговиот мобилен телефон. Возачот се обидел да го спречи во намерата но лицето започнало да му упатува закани, се симнало од возилото и со дрво го скршило задното стакло од возилото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст