| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најстарата личност на планетата, беше родена во 19. век

Почина најстарата личност на планетата, 117 годишната Јапонка Наби Таџима во болница во саботата навечер во градот Кикаи на југ на Јапонија, пренесе агенцијата АП.

Таа беше во болница од јануари годинава.

Таџима беше родена на 4 август 1900 година и е последна личност за која се знае дека е родена во 19. век. Имала седум сина и две ќерки и има повеќе од 160 потомци, вклучувајќи и пра-пра-пра внуци.

Таџима стана официјално најстар човек на светот откако пред седум месеци почина Вајолет Браун од Јамајка, која исто така почина на 117 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top