Нејзиниот текст насловен како „Јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да крадам во Скопје“ беше проследен со низа критики од страна на корисниците на социјалните мрежи, кои препознаа навреди во нејзиниот ироничен текст.
Скопјани коментираат дека она што таа го кажува е бесмислено. Ја обвинуваат дека дури е и безобразна и порачуваат дека ако навистина вака се чувствува, не гледаат причина зошто уште е тука. Дел од коментарите се навистина одраз на револтот кој овој текст го разбуди кај нив.
Целиот нејзин текст, објавен на порталот Трибина, ви го пренесуваме во продолжение.
Јас „ПРОВИНЦИЈАЛКАТА“ дојдов во најголемата, најмодернизираната провинција СКОПЈЕ. Со точно претходнопоставени цели, цели точно скоцкани во главата со намера за одење се по строг редослед и без пропуштање на ниту еден план или детал.
Јас мили мои скопјанки дојдов да „КРАДАМ“. Најпрво кога се симнав од автобус почнав да вдишувам од вашиот „префинет“ воздух, почнав да ги трошам моите провинцијалски пари во вашето Скопје, и во тоа бев подобра од сите вас староседелки Скопјанки со баба од Богданци, Муртино, Кривогаштани… Јас милички не дремев од 12 до 00 часот со чаша вода и еспресо во еден кафич. Во дискотеките си плаќав влезница, не „искачав“ флертувајќи, намигнувајќи на се живо наоколу, пикајќи се во секакви друштва за на крај сметката да биде подмирена и најимпресивно е тоа што ваквите ноќи ги вреднувавте во „тотално незаборавни луди“ … Јас драги скопјанки не паѓав на волшебните реченици може Фб или Инста да се најдеме „Фри стајал“да се забавуваме, имаме ВИП маса и може ли без влезници да средиме некако… За разлика од вашата култура мојата некултура беше поинаква……
Ама јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да КРАДАМ! Ви ја украдов работата во време кога сум студентка. За тоа што вие госпоѓици сте толку на крената нога и кренат нос бидејќи било срамота да бидете видени во слаткарница, пекара, да работите во кафичи како келнерки а навечер да се вбројувате во првите„дами“. Да милички вие сте првите дами ама од назад гледајќи и броејќи. Па така вашите родители мораат да живеат на кредити за да ви го обезбедат студирањето, а за личните задоволства сте толку креативи и способни што фраерите ги бирате по нивните автомобили и ги гледате како банкомати, ЈАС, ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, ви го украде и презема скопјанчето, И ЗОШТО?! Е баш за тоа што НЕ ме интересираше дали и каков автомобил вози ,колку му е длабок џебот кои му се родители/другари. МИ БЕШЕ МАЛКУ НЕ СЕ ЗАСИТИВ и почнав да КРАДАМ и на културно и интелектуално ниво .Одев по интервјуа за работа независно дали е од областа што ја студирам, собирав искуство, воспоставував контакти, наидов на различни ситуаци и искуства во овој модерен век, се изнаслушав на секакви предлози, наидував на ситуации што само во филм можат да се случат. Анализирав, проучував бев достојна, имав морал, граници, критериуми, го почитував она „провинциалското“, традиционалното, заостанатото од дамнешни времиња каде што се ценеше поговорката „чист образ создава капитал“.
ЈАС ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, со диjалектот, со провинцијалските манири, со заостанатата култура ДОЈДОВ точно со целта ЧЕСНО ДА КРАДАМ! А вие ЧИСТИ СКОПЈАНКИ со баби и дедовци од Косел, Кравари, Долно Дупени, Росоман, Оморани, Пеклани, Буково… преземете ги нештата во свои раце, и почнете да гледате во поширок хоризонт, бирајте го потешкиот пат до задоволствата, почнете да ги правите нештата како вистински дами, научете се и вие да се цените а не да ставаат цена на ВАС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст