| четврток, 6 декември 2018 |

Седум докази дека можете да му верувате на вашиот партнер

Се сомневате дека партнерот не ја заслужува вашата доверба, но каква врска би било тоа ако не си верувате еден на друг? Постојат неколку знаци кои можат да ви помогнат да прочитате дали вашиот партнер заслужува да му верувате.

1. Ги признава своите грешки
Никогаш не одбегнува да преземе одговорност и не бега од грешките што ги направил. Исто така, не му ни паѓа на памет вината за неговите грешки да ги префрли некому.

2. Ги споделува неговите чувства со вас
Искрено разговара за сето она што го мачи и со задоволство зборува за убавите работи. Тоа што секогаш ви се доверува за она што му се случува и не одбива разговор на ни една тема, ви влева доверба. Според експертите, отвореноста и покажувањето ранливост се едни од главните показатели дека личноста ја заслужува вашата доверба.

3. Ви кажува како му поминал денот
Нема што да крие од вас, па затоа секогаш ви кажува што правел, каде и со кого бил дента. Никогаш не наидувате на недоследности во неговите приказни.

4. Ви ги дава неговите картички
Овој потег покажува дека и тој има максимална доверба во вас, а ова дефинитивно докажува дека и вие можете да му верувате нему, бидејќи личноста која не се грижи за вас, сигурно не би ви ги давала нејзините картички.

5. Се обидува да го намали вашиот сомнеж
Сите сме понекогаш жртви на љубомората, а несигурниот маж кому не му е гајле за вас дополнително ќе го поттикнува вашето чувство на несигурност. Меѓутоа, стабилниот маж кој навистина ве сака, ќе се обиде да ги ослободи вашите мисли од сомнежите.

6. Ви посветува внимание
Не ве игнорира кога ќе го замолите да ви посвети малку внимание. Се фокусира на вашите разговори и навистина ве слуша кога зборувате. Ако работи нешто во моментот, тој веднаш ви кажува дека е зафатен и дека ќе ви посвети време подоцна. И навистина го прави тоа на крајот.

7. Не го крие неговиот мобилен телефон
Мистериозноста и криењето обично се првите докази дека мажот нешто „мати“, а ако вашиот партнер без проблем го остава мобилниот во соба кога излегува и не се одјавува од социјалните мрежи, можете да бидете сигурни дека ништо не крие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top