| четврток, 6 декември 2018 |

Маж удрен со автомобил во кичевско, пренесен е на Клиника

Четириесет и четири годишен маж е повреден денеска откако е удрен со автомобил во кичевско.

Несреќата, како што соопшти МВР се случила во 14:50 часот во село Грешница, кога патничко моторно возило удрило во 44-годишниот пешак.

На мажот му е укажана лекарска помош во Кичево, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top