| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена катната гаража Македонска Фаланга, однесен плен во вредност од над 12 илјади евра

Во Полициска станица Центар, вчера доставен е записник од Јавно претпријатеие Градски Паркинг Скопје, кои пријавиле дека на 12.04.2018 година на паркиралиште “Катна Гаража Македонска Фаланга”, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што е одземено 16 млазници за тешка пена 200 л, 16 мешачи за пена 200л и 36 сообраќајни знаци со што сторителот се стекнал со против правна имотна корист од 784.400 денари.

Сторителот делото го извршил така што насилно ги отворил хидрантитските ормари на јавното паркиралиште “Катна Гаража Македонска Фаланга” ги одземал предметите и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top