| четврток, 6 декември 2018 |

„Еурокомпозит“ до Владата: Ако не ви треба фабриката, тогаш да си го бараме чарето!

Со тричасовна блокада на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од Прилеп, вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит” и денеска, втор ден по ред, протестираа барајќи исплата на плата, според договорот со Владата.

Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, од исплатата на првата плата поминале повеќе од месец и половина, а за наредна, според најавите треба да чекаат барем уште еден месец додека се назначи нов директор.

„Досега, веќе втор ден, никој ни се нема јавено, а ние сме решени да протестираме. Денеска на протест сме три часа, еден повеќе од вчера. Синдикатот веќе размислува да поднесеме сите колективни откази и да појдеме пред Владата, па да се пријавуваме како невработени. Нека ни кажат, ако не им треба оваа фабрика, тогаш да си го бараме чарето“, вели Богданоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top