Вчера околу 16,00 часот во село Мерово, тетовско Д.Ј. (43) од Тетово, додека со товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки се движел од село Мерово кон регионалниот пат Тетово-Желино, три непознати лица му го препречиле патот.
Д.Ј. застанал со возилото, по што едно од лицата вперилo пиштол кон него. Д.Ј. го стартувал товарното моторно возило и го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности констатирано е дека сторители се А.Д. (18) и уште две лица на возраст од 16 години сите од село Ново Село, тетовско.
При претрес на едно од лицата пронајден е гасен пиштол. Две од лицата се приведени. Се преземаат мерки за целосно документирање на случајот по што ќе бидат поденесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст