| четврток, 6 декември 2018 |

Tепачката во тунелот: Лидерите на Фенербахче и Бешикташ во жесток судир! (Видео)

Вчерашното полуфинале во турскиот куп помеѓу Фенербахче се претвори во вистински хаос, а натпреварот мораше да биде прекинат по еден час игра.

На најголемиот инцидент му претходеа неколку помали, а ситуацијата ескалираше кога тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, беше погоден со паричка во главата.

Гунеш веднаш беше пренесен во болница, полицијата реагираше, а фудбалерите на Бешикташ го напуштија теренот.

Под стадионот дојде до судир, каде што како што пишуваат турските медиуми луѓето од таборот на Фенербахче ги нападнале гостите.

Денес се појави и видео од хаосот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top