Гостувајќи во емисијата „Да, можеби не“, Драгољуб Беквалац, татко на поп пејачката Наташа Беквалац, до детали раскажал за она што и се случило на неговата ќерка во ноќта меѓу петокот и саботата.
-Ова се директно нејзини зборови- најавил во своето излагање таткото на Наташа.
-Таа вечер двајцата биле излезени. Во договор со сопругот, Наташа отишла да се најде со соработниците како би договориле како понатаму ќе работат, после паузата од 5-6 месеци пауза поради бременоста. Околу 11 часот навечер, Наташа се вратила дома и му пратила порака на Лука дека е дома и дека ја донел менаџерот. Легнала со бебето и заспала, а кога се разбудила околу 3 часот изутрина видела дека него се уште го нема. Му пратила порака дека слушнала дека е во друштво со пријатели и некои жени, што не доликува на некој кој неодамна станал татко. Потоа го барала, но тој не и се јавувал. Кога повторно станала да го нахрани бебето, видела како мртов пијан спие во дневната соба и поведена од црвот на сомневање му го зела телефонот и пронашла допишувања со три жени, и сите преписки биле од љубовна природа. Таа почнала да го буди, а тој се уште мамурен почнал да пцуе: Ку*во, кој те донесе дома – ги цитирал Драгољуб навредите на Лука упатени кон неговата ќерка.
-Прво со тупаници ја удрил во лицето. Ја влечел за коса и два-три пати ја турнал на подот. Ја шутирал по раната од царскиот рез. Таа побегнала во собата кај бебето, а тој продолжил да спие. Кога се разбудил околу 9 часот се обидел да ја бакне Наташа, но таа ја свртела главата и му рекла да се пакува. Него тоа го изнервирало, и почнал да се заканува дека навистина ќе си оди, што порано и го правел. Тој стана друг човек по раѓањето на бебето и постојано повторувал дека после раѓањето на детето неговото место во животот на Наташа станало помалку важно- рекол таткото на Наташа, кој додал дека тој претпоставувал дека вакво нешто може да се случи, но дека Наташа била многу заљубена и дека не го слушала него, ниту пак мајка и и сестрите.
-Тој е измамник кој со помош на заљубени жени ги решава своите економски проблеми. Се обиде на името на својата фирма да го префрли станот на Наташа и куќата на село, но тоа успеа да го направи само со автомобилот- рекол Драгољуб, порачувајќи дека во афект би можел и да го претепа Лазукиќ, но дека му поминал почетниот бес.
-Пред 10 години реков дека би убил за Наташа, а сега велам дека би загинал за Наташа – додал таткото на Наташа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.