Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата Ѕид на телевизија Алфа истакна дека идентитетското прашање е стекнато право и за него не треба да се разговара. Мицкоски вели дека македонскиот идентитет е запишан во личната карта на Република Македонија во Обединетите нации. Во неа се содржат идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност, двобуквен и тробуквен код забележа тој.
-На јавноста треба да и е јасно дека идентитетското прашање е стекнато право во личната карта за Република Македонија во Обединетите Нации, идентитетските карактеристики и специфики како јазик, националност потоа двобуквен код, тробуквен код се дефинирани и тоа е стекнато право. Не знам кој би можел да го гарантира или не го гарантира и не знам зошто тие би биле дел од евентуални преговори. Нашиот двобуквен код е МК, нашиот тробуквен код е МКД, нашиот јазик е македонски и ние сме граѓани како што стои таму граѓани на ПЈРМ/Македонци односно Macedonian. Тоа го пишува на шест светски јазици. Тоа е стекнато право и тука апсолутно нема што ние да навлегуваме во суштината на истото, вели Мицкоски.
Меѓу другото Мицкоски уште еднаш ја потврди црвената линија за ВМРО-ДПМНЕ која покрај промена на идентитетот е неприфатлива за најголемата опозициска партија. Тој констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот со цел промена на уставното име на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст