Лице осудено за убиство на цивил во Виница во 2002 година е поставено за лично обезбедување на министерот за Надворешни работи Никола Димитров и пречекува и обезбедува делегации од странство кога доаѓаат во посета на Македонија, пишува Лидер.
Според пишувањата на Лидер, Никола Весовски е лицето кое го обезбедуваше и протоколот при последната посета на грчкиот министер за Надворешни работи Никос Коѕијас.
Весовски заедно со уште тројца негови колеги од специјалната единица Тигри, беа осудени дека во 2002 година го убиле младиот Алберто Стојчев во дискотека во Виница. Пресудата која ја добил Весовски е за “предизвикување на тешка телесна повреда со смртни последици“, пишува порталот.
Во судскиот процес кој се водел против лицето кое сега го обезбедува Димитров, стенограмите од судот покажуваат дека имало дури 130 сведоци, а според нивните сведоштва тој заедно со неговите колеги се спуштил од планината Голак каде што тогаш имале обука и од дискотеката го извадиле младиот Стојчев и го претепале до смрт, стои во тексот на Лидер.
Командант на единицата Тигри, во тоа време бил генералот Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст