| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца и Карлеуша и денеска на суд

Српските фолк ѕвезди Светлана Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша и денеска беа на судење .
Вчерашното рочиште беше одложено за денеска поради смрт на судијата ,а денеска и двете ѕвезди повторно се појавија во судницата на Нови Белград. Рочиштето е закажано поради тужба на Карлеуша за нанесена повреда од Цеца на едно од претходните судења , кое пак се водеше за навреда.

Како што изјави Цеца станувало збор за медијација , но по кусо време судот утврдил дека тоа не е возможно. Ниту Карлеуша не сака да и прости на Цеца .

Двете фолк ѕвезди како да се натпреваруваат која ќе биде поубаво облечена и во поскапа гардероба. Јелена денеска носеше црвен фустан , за кој изјави дека и носи среќа , додека Цеца беше облечена во елегантна црно – бела комбинација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top